САШЕ ПОЛИТИКО: Се плашите дека ќе станам побитен од вас? Како бе не ви е срам

Се чини мојот настап во парламентот лошо го примија и талибанците но и хејтерите по мојот лик и дело во редовите на опозицијата. Пред се Геро, кој иако беше бранет и фален од моја страна во собрание кога му се нафрли Мирка, тој сепак не престанува со војната за уништување на Саше Политико и покрај мојот според сите оцени феноменален настап во собрание и над 70 000 кликови на видеата и општата еуфорија по настапот.

Дека војната на Геро со мене не е завршена се виде со тоа што тој молчеше цели два дена за мојот говор, за потоа, во неговата колумна во Плусинфо, мојот настап да го оцени дека е без некој посебен импакт во јавноста?! И дека било прашање на естетика, па за вкусот не се разговарало?!

Сега пак денеска, најпромовираниот колумнист на Плусинфо, Боки Бургија, распали со лажна колумна по мене. Значи не ја заборавија војната, не решија да се закопаат секирите, пресметката продолжува со сите средства.

Јас цело време сум обвинуван дека работам за власта и против СДСМ. Обвинуван сум од Јоци која работи во Дневник и молчи за власта таму, а на фб плука директно по Заев СДСМ и Андреј, потоа критикуван сум од Боки Бургија кој отворено вели дека едвај чека да се врати Бране, и од Геро кој настанот во собрание го нарекува без поголем импакт во јавноста.

… Тие се значи опозиција, а Саше Политико е кукавичко јајце и работи против опозицијата?! Абе вие сериозни ли сте, каде бре ова ќе ви помине, кој ќе ви поверува?!

Кому му одговара да се минимизира мојот настап во собрание? Кој сака да го намали поразителниот ефект на говорот врз власта? Зошто молчат за тој настап и не го споделуваат на фб закоравените опозиционери Милчин, Борјан па и Геро (молчеше два дена) го немаше на фб жив да се јави, а пред тоа со денови плукаше по мене? Толку ли е во прашање личната борба што не се споделува видео каде се соголува власта до коска?! Па добро бе дечки, сто ваши трибини и семинари кои чинат милион евра не се ни пола од ефектот кој јас го направив со 20 минути во собрание, и вие немавте сила да го постирате на вашите фб профили?!

… На порталот Нова ТВ се појави колумна со индирекнти критики за мојот настап во собрание од извесен Зоран Ќука. Директорката на Македонскиот Институт за Медиуми истапи со грст критики кон мене на фб ѕидот на Биљана Ванковска која пак ме нарекува психопат и дека со говорот сум правел штета. Јас таму зборував за атакот врз новинарите, а директорот на институтот за медиуми ме напаѓа, сум бил вулгарен и невоспитан?! Каква е оваа шизофренија бре луѓе?! И зошто за говорот не известија Телма и 24 Вести? Па нели сите се бориме против овој режим, нели сме критичари на овој режим, зошто тогаш не емитуваа барем 3 секунди од говорот кој од многумина е прогласен за говор на годината во собрание?! До каде оди новинарската суета и его, до каде?!

И цело време се плука по мене дека сум бил човек на ДПМНЕ, демек ДПМНЕ ме викнале свесно во собрание за да ја посрамам опозицијата. Во ваков спин може да повруваат само болни психопати! Јас бев повикан за да плукам по Милчин и Геро, но јас таму ги бранев и плукав жестоко против режимот и тоа на народот му се допадна до ЕКСТАЗА!

И вие не собравте сили да го пофалите говорот плашејќи се дека ќе станам побитен фактор од вас, значи си ги чувавте вашите газиња и болни суети по цена и да наштетите на говорот кој од речиси сите е оценет за чист нокаут за режимот! Како бе не ви е срам?!

 

Дел од колумната на Саше Ивановски

„Геро неможе да издржи, со лажна измислена колумна, порталот Плусинфо во атак кон Саше Политико“

Извор: Мактел

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести