Сбербанка поднесе кривична пријава против сопственикот на Агрокор

Agrokor logo is seen at the company's headquarters in Zagreb, Croatia, March 22, 2017. REUTERS/Antonio Bronic

Руската „Сбербанка“ поднесе кривична пријава против сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, а тужба против него сега е покрената и во САД, пишува „Вечерњи Лист“. Во Судот во Њујорк пристигна тужба против „Агрокор“, која ја поднел еден од американските фондови, кој учествувал во кредитирањето на концернот во време на Ивица Тодориќ.

– Документацијата е предадена, а „Агрокор“ се тужи поради лажно прикривање на состојбата. Тужбата е покрената против „Агрокор“, а бидејќи негов сопственик и натаму е Тодориќ, за тоа што се товари „Агрокор“ ќе одговара Тодориќ – изјави правен експерт за „Вечерњи Лист“.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести