СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“

СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“. Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред сè – неопходни.

Ова не се само барања на иницијативата – ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да има одговорност, целосна и неселективна – дисциплинска, кривична, политичка – за сите институции и поединци кои со своето (не)делување ги довеле граѓаните до опасност и трагедија. Без селекција и без калкулации.

Веруваме дека Владата и ЈО ќе бидат доблесни да ги прифатат овие барања за кои илјадници малди маршираа на улиците.

Одговор на новинарско прашање, Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести