СДСМ: Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

13 дена нема одговор како 5 тони дрога, вредна околу 40 милиони евра, поминале преку македонската граница. Сите молчат. Кои се луѓето граница, во Царина, во полиција, во МВР, началници, директори, службеници? – се вели во соопштението од СДСМ.

65 илјади камери од Сејф сити, скенери, контроли, полиција и никој ништо не знае?

Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски не знае, Николовски не знае, Тарчуловски не знае, Томовски не знае.

Цела Влада не знае. Како да не се од тука.

На граѓаните веќе им е кристално јасно дека молкот е најсилна потврда дека најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога води до врвот на власта на ВМРО-ЗНАМ.

СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка. Сите ќе одговараат.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести