СДСМ: Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ направија карикатури од образованието, здравството, фискалната дисциплина, науката…

СДСМ одговори на реакцијата на ВМРО ДПМНЕ за прес конференцијата на Солза Грчева преку соопштение во кое истакнаа дека партијата на Никола Груевски ништо не негираше во реакцијата за катастрофалните состојби во науката.

-Како и ќе негираат, кога Владата на Груевски им должи исплати на научниците за трудови од 2010-та година, тврди СДСМ.

-Научните институции со парите што пред крајот на годината им ги пушта Владата не можат да ги покријат ни комуналните трошоци, а не да исплатата научна работа, вели СДСМ и додадва дека дури 70 проценти од одобрените пари за некој труд се за преживување на научните институции.

 -Во 21от век научниците во Македонија до цел компјутер стигнуваат преку ставка „ситен инвентар“ на парчиња, од глувче до плоча, а Македонија е веројатно единствената земја каде што научни истражувања се прават до греалки и без минимум технички услови за работа, истакнува СДСМ во своето соопштение.

-Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ направија карикатури од образованието, од здравството, од фискалната дисциплина, од науката. ВМРО-ДПМНЕ ја тоне Македонија во жива кал веќе 8-ма година, порача за крај СДСМ.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести