СДСМ Ресен прашува: Ќе има ли и по третпат фрлање лопати?!

На фотографиите се гледа дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен, каде што во 1999 година беше фрлена првата лопата бетон и означен стартот на изградбата на новото игралиште, објаснуваат од СДСМ Ресен и додаваат дека тогаш до „втора лопата работата не стигна“.

-Читајќи ги ветените, а нереализирани активности од 1998-2002 година, ВМРО-ДПМНЕ  го реинкарнираше проектот за изградба на игралиште во ова ресенско  училиште и истото по втор пат го вети во Програмата за Парламентарните избори во 2006-тата. И така, уште во 2007-тата се случи „втората лопата“ и второ означување на стартот на градежните активности. Се поставија темелите и толку од лопатите. Отогаш наваму овој  проект постои само во отчетите на ВМРО-ДПМНЕ, велат во своето соопштение ресенските опозиционери.

СДСМ Ресен праша има ли намера ВМРО-ДПМНЕ да го реализира, овој, во секој изборен циклус ветуван проект?

-Ќе има ли  и третта лопата, за после два пати пу-пу не важи, дефнитивно да тргне работата, на трета мајка, иронично прашуваат од СДСМ Ресен.

resen

resen1resen3

 ]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести