По откривањето на аферата со милионот евра префрлен од Министерството за здравство на фирма чиј сопственик е новинарката од Сител, Ивона Талевска и нејзиното мистериозно исчезнување, опозициската партија се почувстува „незгодно“, па реши да се извини во рок од 96 часа, иако тоа не беше побарано од нив.
-Ние од СДСМ многу ѝ се извинуваме на Талевска, за обвинувањата што ги изнесовме. Знаевме дека ова тешко ќе ѝ падне, но не очекувавме таа да исчезне и да отиде во Мексико, туку очекувавме, одговор, во најмала рака демант, или пак барање да се извиниме.
Сега кога веќе не се случи тоа што треба да се случи, ја прашуваме Талевска, да не случајно не ѝ стигнат овие пари, па да мора да се позајмува за назад, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, додавајќи дека ако направи така ќе ја „избрука“ Македонија пред меѓународната јавност.
-Госопогице Талевска, луѓе сме, па заборавивме да ве прашаме милион евра малку да не ви се – праша Шилегов.
-Ако ви се малку, па сакате да земете уште, и ако затоа молчите, тогаш барем имајте доблест да признаете, оти кој си признава половина му се додава, па ќе имате милион и половина, советуваше Шилегов.
-Доколку овие пари не ви стигнат, не ни ја брукајте државата и не барајте пари на заем, ние сме подготвоени лично да се заложиме и да направиме се за вашето враќање во државата по најбезбеден пат. А кога ќе дојдете овде, ќе се снајдеме. Леб и чашка муабет на Македонецот никогаш не му фалеле – истакна Шилегов.
Тој додаде дека ќе им сугерира на колегите од противничкиот табор да организираат хуманитарна акција или да го заложат својот имот, за Талевска безбедно да може да се појави во Македонија.
-Ако треба ќе одиме и на избори, знаеме дека за избори таа очајно ќе им биде потребна на ВМРО ДПМНЕ за да работи во телевизија Сител, па можеби тогаш ќе се врати, рече Шилегов, додавајќи дека цела СДСМ е подготвена да го направи овој чекор оти нема смисла само со интернет портали да победи на избори.
Предупредување: Ова е измислена вест и не треба да се сфати сериозно.
]]>


