СДСМ: Шанса за свој бизнис во бесплатен деловен простор

Соопштение на СДСМ:

Ќе им помогнеме на граѓаните да можат да отворат сопствен бизнис.

 

Ќе добијат шанса за свој бизнис во бесплатен деловен простор.

Државата ќе им помогне.

Тоа планираме да го направиме преку старт – ап центрите што планираме да ги отвориме во сите поголеми општини.

Новите фирми, во првите години од основањето освен што нема да плаќаат за делоловен простор ќе имаат и бесплатно сметководство, архива, одржување.

 

Нашата цел е младите луѓе да се охрабрат само да почнат сопствен бизнис. Ќе им олесниме да се чувствуваат заштитени од државата кога ќе ги преават првите чекори кон тоа.

 

Ова не е единстената мерка со што поттикнеме иницијатива за сопствен бизнис.

Ќе овозможиме отворање фирма со само 1 евро основачки влог.

Ќе овозможиме кредити до 15.000 евра, со само 1 процент камата за отворање микро бизнис.

 

Граѓаните знаат дека досегашната власт не им помогна со реални политики да можат да отворат стабилни бизниси и воопшто не се грижеше за домашните фирми на кои им даваше по две евра годишно државна помоиш.

 

Како што знаат граѓаните нашата цел е силна поддршка на мали и средни претрпијатија за што испланиравме 140 милиони евра државна помош. На овој начин ќе обезбедиме вистински економски раст во Македонија.

 

Затоа е потребна нова и одговорна Влада којашто посветено ќе води реални економски политики и што ќе поттикнуваат отворање и развој на домашни фирми, со нови и добро платени работни места!

 

Од 2017 година заедно со граѓаните ќе го создаваме животот што го избравме!

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести