Поради пустата желба за поголем и нов авион за луксузирање Гордана Сиљановска денеска кажа дека колеги претседатели ја коментирале староста на македонскиот владин авион и велат бил од времето на браќата Рајт.
Рекле мал бил авионот ама не прашање за платите колку се мали. Само за авионот.
Кои колеги?
Можеби колегата Мицкоски или колегата Николовски.
Бидејќи староста на владиниот авион во Македонија е околу 20 години. Хрватскиот владин авион е постар – 27 години, словенечкиот авион исто така, 23 години, а двете земји се членки на ЕУ. Црногорскиот владин авион е исто така постар, 27 години.
Тоа е во нашето опкружување.
Да видиме во најбогатата земја во светот, САД.
United Airlines (САД) има просечна старост на флотата од 15,4 години (податоци од 19 февруари 2026 година).
Најстариот авион има 35 години.
Центар за комуникации СДСМ


