СДСМ: Скопскиот маратон срамно злоупотребен од Орце и ДПМНЕ

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како и 17 други кандаити за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон.

Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот?

Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон.

Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања.

СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата.

И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија