СДСМ:Поделба во ДПМНЕ – не сакаат сите криминал, корупција и изолација

Очигледно е дека во самата ДПМНЕ постои сериозна поделба околу насоката во која ја турка економијата но и државата Христијан Мицкоски.

Поранешниот министер за финансии од ДПМНЕ, Кирил Миноски, во своја јавна објава остро го критикува економскиот и општествениот модел што денес го има Македонија.

„Економијата на страв е маѓепсан круг во кој сите стануваат жртви, слободата се задушува, а иднината на нашите деца е загрозена“ предупредува Миновски.

Оваа порака доаѓа од поранешен министер на ДПМНЕ и претставува јасен сигнал дека не сите во таа партија се согласуваат со политиките на криминал, корупција, изолација и владеење кое го спроведува ДПМНЕ денеска.

Очигледно е дека и во ДПМНЕ има луѓе кои не прифаќаат држава во која се гуши слободата, се заплашуваат граѓаните, се затвора јавната дебата и се уништува економската перспектива.

Може не се согласуваме околу многу прашања но за криминалот и корупцијата денеска, како и за загрозената демократија може целосно да се согласиме.

Центар за комуникации СДСМ

Најчитани вести