Се бара Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд

Полицијата трага по Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд. 

Од МВР за ТВ24 велат дека Министерството постапува по судска наредба за приведување и во моментот кога ќе бидат создадени услови или кога ќе биде лоциран, ќе го приведат.

Засега МВР трага на повеќе локации. 

За  Панчевски  е издаден налог за апсење, откако во текот на вчерашниот ден Велешкиот суд му одреди мерка притвор, затоа што не се појавувал на рочиштата за случајот „АКМИС”, во кој е обвинет. 

Вчера на рочиштето за предметот „АКМИС”, кој се води во ОС Велес, не се појавиле ниту обвинетиот Панчевски, а не бил присутен ниту неговиот правен застапник. 

Инаку судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почне минатата есен, но досега овој судски процес не е започнат.

Извор: 24 Вести

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести