Се намалува производството и извозот на тутун

Повисока откупна цена за скоро 60 % од лани постигна тутунот, квалитет одличен, но реколтатата за 30 % пониска од очекуваното  од Стопанскта комора ја сумираа годината во производството со тутун. Бројките покажуваат дека се намалува бројот на склучени договри, но се помал е и бројот на  тутунари и површините под тутун. Извозот минатата година во споредба со 2014 е намален за 4 отсто.
Од Здружението се оптимисти очекуваат стабилизирање на производството во количина, површина, договори, но велат дека има најави за зголемување на  откупните цени на тутунот од втора и трета класа.
Намалувањето на производството на ориентален тутун и негова замена  што е по барање на  Светската здравствена организација за тутунопроизводителите останува неприфатливо. Велат дека нема климатски услови за други култури, ниту пак е напарвена анализа за економскиот ефект која друга нова култура би била исплатлива. Од тутун во земјава живеат 40.000 семејства.
Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести