Откако сопругата на претседателот на Црна Гора, Милена Милатовиќ се најде на удар на многу критики поради фустанот што го носеше на денот на независноста на Црна Гора, се огласи нејзината стилистка, Милена Ѓурѓиќ.
Таа на Инстаграм сподели фотографија од уметницата Андријана Вешовиќ, попозната како Зомбијана Бонс, на која пишува:
„Единствените брадавици кои треба да ве интересираат се вашите“.
Потоа таа објасни дека се работи за шев од фустанот.
„Какви лоши јазици и пакост, се надевам дека животот не ви е таков, но изгледа тоа тешко. Не, не се брадавици. Тоа е шев на фустан“, напиша таа во нејзината реакција.


