Еден корисник на социјалните мрежи објави статус со совети како да заштедите пари на вашиот летен одмор.
Во објавата корисникот опиша како изгледа подвидот на т.н. „патлиџан туристи“, поточно се работи за сè попопуларните „компир туристи“
Објавата ја пренесуваме во целост:
„Ние сме подвид на „патлиџан туристите“, само што наместо паштета и домати си носиме компири и пршута. Но, целта ни е иста, да потрошиме што е можно помалку пари за летување, бидејќи сите сме од работничката класа и немаме, но сакаме.
На одмор секогаш одиме заедно со уште едно семејство, четворица возрасни, четири деца, два автомобили. „Патлиџан туристите“ одат со комбе (двојна заштеда).
Во поголем маркет купуваме храна со подолг рок, потоа грицки, благо, сокови итн. на одложено плаќање. Кај Кинезите купуваме играчки, пиштоли на вода, душеци, гуми и други глупости кои невиното детско око ќе ги види на плажа.
Во автомобилите носиме компири, а во фрижидерот ставаме пршута, сланина и месо. Сето тоа е замрзнато во патниот замрзнувач. Не резервираме сместување, го наоѓаме на лице место во рок од еден час (големите апартмани се секогаш празни). Да речеме лани, најдовме сместување веднаш до плажа, нов стан на приземје со три спални, дневна, тераса и комплетно опремен за 50 евра.
Лежалки на плажа не изнајмуваме, децата и онака не излегуваат од вода. Ние возрасните малку во вода со нив, малку на песок, доволно сме самостојни сите и уживаме“, стои на почетокот на објавата на овој самопрогласен „компир турист“.
Во продолжението на објавата тој посочи како им поминува денот, како и начините на кои може да се заштеди.
„Еден просечен ден ни изгледа вака: навечер печеме нешто и крофни, секоја ја пакуваме во посебен сад, носиме додатоци и вилушки за еднократна употреба, правиме цедевита или лимонада, понекогаш купуваме сокови, понекогаш сечкаме лубеница или некое друго овошје, возрасните пијат ладни пијалоци од мали термоси и сето тоа оди во кулер торбичката.
Наутро се прават сендвичи, се пакуваат торбите и одиме на плажа. Се што бараат децата имаме со нас. На плажа сме до 12 часот. Потоа одиме во станот, јадеме месо од замрзнувачот за ручек, компири следуваат слободни активности, некои спијат, некои гледаат телевизија, некои на телефон. По ручекот, во поладневните часови повторно плажа. Во вечерните часови назад во станот, туширање, пеглање облека за излегување. Најчесто шетаме, вечера во пекара или пицерија (oд морска храна јадеме само морска сол), купуваме колачиња, сладолед, децата одат во забавен парк, сигурно ќе видат и некоја глупост што не сме ја превидиделе, (минатата година беше ласер 10е). Во релативно доцните часови се враќаме во станот, децата веднаш заспиваат, а ние малку седиме на тераса и пиеме некој пијалок придружени од локалните звуци на крајбрежните комарци“, раскажува корисникот на ссоцијалните мрежи.
Досега сите сме слушнавме за „патлиџан – туристите“, но ова е некој нов феномен на туристи со компири. Какво е Вашето мислење?


