Општина Битола, единствен основач и со 100 процентна сопственост на фудбалскиот клуб „Пелистер“, објави јавен оглас за продажба на доминантен пакет акции на прволигашот ФК „Пелистер“.
Од локалната самоуправа информираат дека на отворениот повик може да се јават домашни и странски правни и физички лица кои сакаат да го менаџираат ФК „Пелистер“ -Битола, а крајниот рок за пријавување е 7 март.
ФК „Пелистер“ – Битола е формиран во 1945 година, во сезоната 1974-1975. Се натпреварувал во поранешната втора југословенска фудбалска лига, а во 1991 година во југословенскиот куп го елиминираше ФК „Хајдук“ од Сплит. Со формирањето на Македонската прва фудбалска лига во 2001 година ФК „Пелистер“ го освои Македонскиот фудбалски Куп, а учествувал и во европските фудбалски купови.
ФК „Пелистер“-Битола најмногу е фокусиран на млади и талентирани од регионот по примерот на најпознатите фудбалери кои почнале во овој клуб како што се Тони Савевски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ѓорги Христов, Петар Милошевски и други.
]]>


