Прекината е четиригодишната соработка меѓу фудбалскиот клуб Зенит и италијанскиот стручњак Лучиано Спалети, јавија руските медиуми.
На ваков чекор во текот на вчерашниот ден се одлучило раководството на клубот од Санкт Петербург по нерешниот резултат во неделата против Том Томск и губење на лидерската позиција со два бодови заостанување зад конкурентот Локомотива Москва.
Спалети со Зенит двапати беше шампион на Русија, а по еднаш ги освои националниот куп и Суперкупот на Русија.
Сепак амбициите изостанаа во евро-куповите, а Зенит е пред елиминација од Лигата на шампионите и сезонава, бидејќи на првиот меч од 1/8финалето загуби дома од Борусија Дортмунд со 4:2.
За денеска најавено е претставување на новиот тренер Сергеј Семак кој до неодамна беше активен фудбалер во овој клуб.
]]>


