Се сакаат повеќе од 40 години, но никогаш не стапија во брак: Kурт и неговата девојка уживаат во Грција

Голди Хон и Курт Расел уживаат на одморот во Грција, една од нивните омилени европски дестинации каде секогаш се враќаат.

77-годишната Голди и 72-годишниот Курт се фатени како се симнуваат од глисерот со кој заедно тргнале да се прошетаат, а не им обрнале многу внимание на папараците кои секогаш се подготвени.

Голди и Курт се заедно од 1983 година, а ги поврзала работата, но тоа не било љубов на прв поглед. Тие се запознале на снимањето на филмот „Уникатниот, вистински, оригинален семеен бенд“ во 1967 година. Таа тогаш имала 21 година, а тој само 16 години.

„Ми беше неодолив, но и премлад за мене“, призна во едно интервју Голди.

Но, откако по 15 години подоцна повторно се сретнале на снимањето на романтичната драма „Swing Shift“, се заљубиле и нивната љубов трае до ден-денес. Иако се еден од „најдолговечните“ холивудски парови, тие се уште не стапиле во брак и немаат намера ниту тоа да го сторат.

– Ми се допаѓа да му бидам девојка на Курт, и обратно. Среќни сме, изјави Голди.

И двајцата зад нив имаат пропаднати бракови во кои имаат деца. Во 1979 година, Курт се ожени со актерката Сезон Хабли, со која беше во брак четири години, а заедно го добија синот Бостон. Од 1976 до 1982 година, Голди беше во брак со музичарот Бил Хадсон, со кој ги доби синот Оливер и ќерката Кејт. Откако татко им се откажал од нив, Курт ги прифатил и ги одгледал како свои.

Најчитани вести