Спасе Чакрески, жител на село Витолиште, за ТВ Сител изјавил дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцирал дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.
„Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна”, вели Чакрески.
Во потрагата се вклучени членови на Спасителната служба „Златоврв” заедно со група на прилепски ловџии и хеликоптер на МВР.
Извор: Фактор
]]>


