Се удави момче во Дојранско Езеро

Во водите на Дојранско Езеро денеска околу 15 часот се удави момче на 29-годишна возраст пишува Југоинфо.

Според информации од очевидци, момчето влегло во езерото на Градската плажа кај јаворите.

Според првичните информации од полицијата, станува збор за Александар В. од Пехчево. Тој заедно со уште други две лица се возел на педалинка. Тројцата паднале во водата, но Александар не знаел да плива по што се удавил.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести