Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево ќе го одигра одложениот натпревар од 13.коло во СЕХА лигата, кој поради лошите временски услови на почетокот на месецов не се одигра во закажаниот термин.
Вардар во првиот натпревар од регионалното натпреварување загуби на домашен терен од Татран Прешов со 34:37 и ова ќе биде шанса за реванш со што би се вратил на третото место на табелата.
Вчера на гостувањето во Белорусија, вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Металург загуби од Мешков Брест 27:24.
Табела: Загреб КО 34 бодови (14 натпревари), Татран Прешов 33 (13), Мешков Брест 27 (13), Вардар 25 (12), Металург 25 (13), Војводина 15 (13), Борац 12 (14), Нексе 11 (13), Ловќен 11 (15), Партизан 3 (14).
]]>


