Имајки предвид дека во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ ги оневозможи граѓаните да учествуваат во донесувањето на законите.
Имајки предвид дека во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ ги оневозможи граѓаните да учествуваат во креирањето политики.
Имајки предвид дека во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ ги оневозможи граѓаните да учествуваат во решавањето за изгледот на местото на нивното живеење.
Имајки предвид дека во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ ги оневозможи граѓаните да се спротистават на било кое решение на владеачката структура.
Имајки предвид дека во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ ги оневозможи граѓаните да побараат заштита од прекршителите на законите од редовите на владеачката структура.
Имајки предвид дека во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ ги оневозможи граѓаните да побараат одговорност од носителите на одлуките.
Имајки го предвид сето ова и имајки предвид дека во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ ги мамеше, понижуваше, омаловажуваше, крадеше, убиваше, затвoраше, малтретираше граѓаните на Република Македонија мислам дека секој од нас граѓаните не само што има право туку има и должност да ги попречува апсолутно сите пресови, настапи, настани и било какво јавно делување и појавување на претсавниците на актуелната владејачка структура.
Јас сум сигурна дека можат да се најдат многу креативни начини за ова.
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска


