Оставката, Хадамчик ја објави во радио-емисија, наведувајќи дека една од причините се нападите од некои новинари.
– Во таква средина не сакам да работам. За мене тоа е многу тешка ситуација, мислам дека постигнав многу и многу тренери би сакале да го постигнат тоа ниво, изјави Хадамчик додавајќи дека му е тешко да си оди од чело на националната репрезентација.
За нов тренер на чешката хокеарска репрезентација се споменува името на Владимир Ружичка кој ја водеше репрезентацијата во 2005 и 2010 година кога тимот освои злато на двете Светски првенства.]]>


