Селмани: Kога бизнисот, институциите и дипломатијата дејствуваат заедно, границите се претвораат во мостови на соработка и развој

Денес имав чест и задоволство, во својство на Почесен конзул на Република Албанија во Република Северна Македонија, да ги поздравам учесниците на Бизнис форумот Северна Македонија–Албанија: Преку границите, одржан во Скопје, значаен настан кој отвори ново поглавје на економска соработка и регионално партнерство.

Форумот обедини претставници на бизнис заедницата, институциите, дипломатијата и партнерските организации од двете земји, во дух на доверба, визија и конкретна соработка, создавајќи простор за нови иницијативи, инвестиции и посилни економски врски помеѓу Северна Македонија и Албанија.

Убеден сум дека посветеноста кон развојот на бизнис заедницата и кон регионалната интеграција ги инспирира и мотивира сите оние кои веруваат во моќта на соработката преку границите. Овој форум уште еднаш потврди дека кога бизнисот, институциите и дипломатијата дејствуваат заедно, границите се претвораат во мостови на соработка и развој.

Искрени честитки до Амбасадата на Република Албанија во Скопје и Амбасадорот, Н.Е. г. Денион Меидани, како и до Стопанската комора на Северна Македонија за иницијативата и организацијата на денешниот форум.

Фејсбук статус на Имер Селмани

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести