Жената е исчезната повеќе од една недела, а нејзиното оддалечување од домот е пријавено и во МВР.
„Утре ќе биде десетти ден како баба ми Рада излезе од дома и се упати во непознат правец. Истиот ден беше пријавено во МВР, а следниот ден само порталот МКД.МК објави повик за помош.
Сликите од баба Рада беа споделени на бројни групи на социјалните мрежи, а беше барана и помош од медиумите.
Трагично, имам впечаток дека медиумите изразуваат повеќе интерес за бездомни кучиња отколку за луѓе. Да не се разбереме погрешно, и јас чувам животни и сум љубител, но ја правам основната разлика.
Се прашувам и МВР дали располага со кучиња трагачи, или екипи за потрага?
Почитувани, ако толку ни значи човечкиот живот ние сме оттуѓено општество во длабока апатија и не се гледа светло на крајот од тунелот“, пишува во статусот објавен на социјалните мрежи објавен од член на семејството.
Почитувани читатели, да бидеме хумани и да помогнеме, доколку ја видите, или сте ја виделе жената од фотографијата, Ве молиме контактирајте ги надлежните институции или семејството.
]]>


