Серена елиминирана уште во 2.коло во Чарлстон

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс по победата на Мастерсот во Мајами, експресно го заврши настапот на ВТА турнирот во Чарлстон. Таа во 2.коло загуби од словачката тенисерка Јана Чепелова во два сета со по 6:4.

Вилијамс ја бранеше титулата на овој турнир во американската сојузна држава Јужна Каролина.

Ноќеска освен Чепелова, победа забележа и Луси Шафарова (Чешка) во мечот со Вирџи Разано (Францја). Резултатот во сетови беше 2-1 (2:6; 6:4 и 6:4).

За денеска на овој турнир кој се игра на земјена подлога закажани се 10 мечеви.

]]>

Најчитани вести