Сеул: Северна Кореја истрела балистички проектил со краток дострел

Северна Кореја денеска истрела повеќе балистички ракети со краток дострел, објавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на војската на Сеул.

Пјонгјанг ги лансираше ракетите кон Источното Море, познато и како Јапонско Море наутро од источниот крајбрежен град Вонсан, соопшти Генералштабот во Сеул. Првично не беа дадени дополнителни детали.

-Нашата војска го засили надзорот против дополнително лансирање и одржува состојба на целосна подготвеност, додека тесно споделува информации за балистичките ракети на Северот со САД и Јапонија, соопшти Генералштабот.

Ова е првото лансирање балистички ракети од Пјонгјанг од 10 март, наведуваат јужнокорејските медиуми.

На Северна Кореја ѝ е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Ова се обично ракети земја-земја кои можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.

Пјонгјанг значително ги прошири своите ракетни тестови во текот на изминатите две години, заострувајќи ја својата реторика против САД и Јужна Кореја. Исто така, ја зајакна и својата воена соработка со Русија. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести