Северина влегува во шестата деценија, подготвена голема роденденска прослава

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ денеска го слави својот 50-ти роденден. По тој повод вечерва, како што откри таа за медиумите, во еден загребски локал ќе се одржи голема роденденска забава, а се очекува меѓу неколкуте стотици гости да бидат и нејзините колеги, пријатели од јавната сцена, но и помалку познатите на јавноста.

Пријателката и сплитска фотографка, Соња Дворник, прва на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на Северина. Таа на Инстаграм објави видео со досега необјавени снимки од приватниот живот на пејачката.

]]>

Најчитани вести