Сезона на јагоди – Рецепт за домашен џем со само 3 состојки

Чувствителните плодови како што се јагодите треба да се подготвуваат брзо и вешто. Овие едноставни упатства ќе ви помогнат лесно да го исчистите овошјето, и да го одржувате свежо и цврсто.

Состојки:

1 кг зрели јагоди
0,2 кг шеќер
1 лимонтус

Подготовка:

Јагодите се мијат, се чистат и се потопуваат во вода со растворен лимонтус. Исцедете ги, па наредете ги во тенџере – слој овошје, слој шеќер. Покријте ги и оставете ги да отстојат, може и преку ноќ, на ладно. Варете ги на средна температура, извадете ја пената и варете до саканата густина. Преку тенџерето ставете чиста кујнска крпа, навлажнета со ладна вода и оставете да се излади, па истурете го во тегли. Затворете ги теглите и оставете ги на ладно.

Техника на работа

Најдобро е овошјето да се подготви килограм по килограм. Првиот килограм кратко потопете го во ладна вода, а за тоа време одберете ги следниот килограм јагоди – изберете само цели, неоштетени јагоди.

Потоа, од првиот килограм, јагодите измијте ги под млаз вода и оставете ги кратко да се исцедат, а следниот килограм натопете го во чиста ладна вода. Сега исчистете го првиот килограм од стебленцата и ставете го во вода со лимонтус. Кога ќе завршите, другиот килограм оди на миење и чистење.

извор:agrotim.mk

Најчитани вести