Екипата на Шалке ја оправда улогата на фаворит и славеше победа од против Херта.
Во воведниот натпревар од 28.коло на германската Бундес лига, одигран синоќа во Гелзенкирхен, Шалке ја совлада Херта со 2:0. Стрелци на головите за домашниот тим беа, Нигериецот, Обаши и Холанѓанецот Хунтелар во 16. и 46. минута од натпреварот.
Во другите натпревари од ова коло ќе играат: Баер Леверкузен – Брауншваиг, Волфсбург – Ајнтрахт, Штутгарт – Борусија Дортмунд, Мајнц – Аугсбург, Баерн Минхен – Хофенхајм, Фрајбург – Нирнберг (сабота) и Борусија Менхенгладбах – Хамбургер и Хановер – Вердер (недела).
Табела: Баерн Минхен 77 бодови, Шалке 54 (+1 натпревар повеќе), Борусија Дортмунд 52, Баер Леверкузен 47, Волфсбург 44, Борусија Менхенгладбах 42, Мајнц 41, Аугсбург 39 .
]]>


