Шарапова жестоко му одговори на Надал!

Марија Шарапова бурно возврати на известувањата, но и на критиките од нејзините колеги и колешки по признанието дека паднала на допинг-тест на забранета супстанција без претходна проверка за време на Австралија опен. За почеток, преку својот фејсбук-профил, руската тенисерка го демантираше Дик Паунф, поранешен директор на Светската антидопинг-агенција (ВАДА), дека дури пет пати била предупредена за забрана на мелдониум.
Но, се чини, дека најостра порака испрати до Рафаел Надал за отсуство на поддршка. Притоа ја искористи изјавата на поранешната министерка за здравје и спорт на Франција, Розелин Башело, која тврди дека „Надал бил позитивен на допинг-контрола во 2013 година, но дека аферата била прикриена, па Шпанецот паузирал седум месеци“ поради, како што кажа, наводна повреда на коленото.„Горда сум како играв тенис. Бев искрена и презедов одговорност. Нема да се преправам дека сум повредена за да ја скријам вистината за моите резултати на тестовите“, напиша популарната Маша на социјалните мрежи.

Оваа нејзина порака се однесува на Рафаел Надал, откако поранешната министерка за здравје и спорт на Франција излезе со тврдење дека Шпанецот бил позитивен во 2012 година, а ги прикрил резултатите со наводна повреда на коленото

Најчитани вести