Шефилд Јунајтед во осминафиналето на ФА Купот

Членот на Лига 1 (трето по квалитет фудбалско натпреварување во Англија) Шефилд Јунајтед успеа да елиминира уште еден премиерлигаш во ФА Купот.

Синоќа во повторениот натпревар од 4.коло Шефилд Јунајтед го победи Фулам на негов терен со 1:0 по продолжение. Стрелец на единствениот гол беше Шон Милер во 119.минута.

На првиот натпревар одигран пред 10 дена беше 1:1.

Во претходното коло од ФА Купот, Шефилд Јунајтед ја елиминира Астон Вила исто така со победа на гостински терен.

Противник во следната рунда (осминафинале) ќе им биде победникот од повторениот дуел што се игра вечерва меѓу Нотингем Форест и Престон.

Осминафиналните натпревари се играат од 15-17 февруари.

]]>

Најчитани вести