Актерската легенда Раде Шербеџија наполни 77 години. Тој вели дека тоа не му е омилена тема за разговор бидејќи не сака да ги брои годините.
-Воопшто не сакам да зборувам за тоа. Хаха. Сите да знаат колку години имам. Не сум славел роденден со години. Последен пат славев кога наполнив 45 и оттогаш почнав да бројам наназад, се пошегува актерот во изјава за 24сата.хр.
Шербеџија е роден на 27 јули 1946 година. Дипломирал 1969 на Академиjа за театар, филм и телевизија вo Загреб.


