Американската скијачка Микаела Шифрин е старо-нова победничка во дисциплината слалом од Светскиот куп. Таа денеска го освои првото место на слаломот во швајцарскиот скијачки центар Ленцерхајд и со пет победи од девет слаломски трки сезонава го одбрани малиот кристален глобус. Времето на победничката по двете трки од денешниот слалом изнесуваше 2:04.54 минути. На второто место се пласира Фрида Хансдотер (Шведска) со 1.44 секунди побавно време од Американката, додека трета беше Марлис Шилд од Австрија со 1.66 секунди заостанување зад победничката. Конечен пласман во Светскиот куп – дисциплина слалом за сезоната 2013/14: Шифрин 638 бодови, Хансдотер 488, Шилд 385, Марија Холмнер-Пјетил (Шведска) 308, Марија Хефл-Риш (Германија) 234,… Во Генералниот пласман од Светскиот куп води Ана Фенингер (Австрија) 1.271, пред Хефл-Риш 1.180, Лара Гут (Швајцарија) 1.056, Тина Мазе (Словенија) 964,… До крајот на сезоната останува да се вози уште утрешната трка од дисциплината велеслалом. Почетокот на првото возење е во 10 часот на патеката во Ленцерхајд.
]]>


