Шок во Холувуд: Се разведува еден од најомилените парови по 27 години брак

Австралискиот актер Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора-ли Фурнес соопштија дека на нивниот долгогодишен брак му дошол крајот.

„Среќни сме што поминавме речиси 30 години заедно во прекрасен брак полн со љубов. Нашето патување го менува правецот, решивме да се разделиме бидејќи и двајцата сакаме да се фокусираме на личниот развој“, изјавија во ексклузивната изјава само за магазинот People.

Понатаму истакнуваат дека нивното семејство останува на прво место.

„Во следното поглавје од животот влегуваме исполнети со благодарност, љубов и добрина. Многу ни е важно да се почитува нашата приватност додека преминуваме во новото поглавје“, велат тие.

На крајот потенцираат дека повеќе нема да зборуваат во јавноста за разделбата.

Хју и Деб се во брак 27 години и имаат две деца – Оскар (23) и Ава (18).

Парот се запознал на снимањето на австралиската ТВ серија Корели и веднаш се заљубиле. Тие се венчале една година подоцна, кога Дебора беше поголема ѕвезда од Хју.

Со текот на годините станаа еден од омилените парови на Холивуд, но медиумите често ја споменуваа нивната голема разлика во години. Имено, Хју Џекмен е 13 години помлад од Дебора.

За нивниот брак се зборува дека е еден од најхармоничните, никогаш немало никаков скандал или полнење на таблоидите. Последен пат заедно се појавија на црвениот тепих во мај на Мет Гала, а во јули беа заедно во машкото финале на Вимблдон.

Најчитани вести