Што бара Путин во Крим?

Каква игра точно игра Путин во Крим? Во налудничавите состаноци од минатиот викенд помеѓу лидерите на САД, НАТО и големите западни држави, ова прашање, кое потсетува на лошите стари денови на Кремљологијата, висеше во воздухот: Што бара рускиот претседател со неговата целосно вооружена воена инвазија на украинскиот полуостров?

Одговорот на западот на инвазијата ќе зависи од одговорот на тоа прашање. И покрај сета реторика, ова не е враќање кон Студената војна, а Русија може да биде исклучена од прагот на меѓународен конфликт – ако целите на г-дин Путин точно се интерпретираат. Има три веројатни можности за тоа:

Привремен акт на заштита. Ако може да им се верува на зборовите на Путин и неговите министри, тие испратиле илјадници војници во Украина едноставно за да ги заштитат нивните познати вредности на Крим од нестабилноста која ја обзема земјата, откако претседателот Виктор Јанукович беше протеран од страна на протестното движење и неговиот парламент.

Всушност, воените поседи на Русија на Крим, кои се гарантирани уште кога земјата се отцепи од поранешниот Советски Сојуз во 1991 – меѓу кои е големата поморска база на Црното Море, воздухопловните бази и дестици илјади војници – се во моментов технички малку безбедни.

Но веројатноста дека руските дејства се едноставно заштитна мерка се негирани од некои политички потези кои се направија на Крим – меѓу кои е и регионалниот премиер, кој направи гест да побара од Русија помош, и шефот на украинската морнарица кој „пребега“ од Украина објавувајќи ја неговата наклонетост за независен Крим во присуство на руски локален лидер. Ова има призвук на гест оркестриран од Кремљ, и наведува дека нешто повеќе од само заштита е во прашање.

Сепак, постојат знаци дека и САД и украинската привремена влада се вољни да ја прифатат ваквата политика, и преговараат за договор во кој безбедноста на руските поседи на Крим се гарантирани во замена за повлекување на руските трупи. Во неделата дојдоа извештаи дека поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко, која неодамна беше пуштена од затвор, заминала за Москва да се сретне со Путин со кого таа има дамнешно и блиско пријателство, за да разговараат за идните можности. А изјавата на државниот секретар Џон Кери од неделата наведува дека ова ќе биде првата опција која ќе ја има предвид кога ќе дојде во Киев.

Де факто анексија на Крим. Токму ова се случи во 2008 година во Абхазија и Јужна Осетија, двата отцепени региони во Грузија; Путин го распали постоечкиот конфликт помеѓу етничките групи лојални на Русија и Грузија, ја испровоцира Грузија да нападне, и го искористи тоа како повод за руска воена окупација на двата региони, која продолжува до денес, и излегува дека е повеќе или помалку трајна. Додека само неколку земји ги признаваат овие региони како независни од Грузија, воената окупација де факто ги претвори во дел од Русија. Некои аналитичари велат дека токму истата игра Путин ја игра и на Крим, традиционално руска територија во која мнозинството од граѓаните се од руско говорно подрачје.

Но постојат силни причини за сомнеж во ваквото сценарио: За разлика од Грузија, цената за анексија на дел од Украина, па дури таа била и неофицијална, ќе биде неизбежно висока.

Дали Путин е навистина вољен да ги отфрли своите економски односи со западот – кои вредат стотици милијарди долари годишно – едноставно со цел да го врати Крим кон руската територија? Соочен со сето ова, ова има малку смисла, додека Русија е сосема способна да си го задржи единственото нешто кое го сака од Крим – безбедна поморска база во Црното Море – откако Советскиот Сојуз се распадна во 1991, без давање никаква поддршка за сиромашното и ранливо население.

-Абхазија не е Крим, а сегашните руските намери со двата региони воопто не се совпаѓаат, анализира Кимберли Мартен, руски аналитичар од Универзитетот Колумбија. Таа забележува дека: прво, Крим никогаш не бил предмет на брутална граѓанска војна, за разлика од регионите во Грузија, и таму владее незначителен гнев насочен кон Москва или Киев. „Тоа значи дека мирен договор за крајниот статус на Крим е поверојатен отколку што беше тоа во Абхазија“. А владата на Украина нема да биде толку агресивна и расположена да пука како што беше владата во Грузија во 2008 година.

– На долг рок, заклучува др. Мартен, „не е во интерес на Москва да ја плати цената за владеење со комплексниот етички микс на Крим, заради големото татарско население кое е непријателско кон руска контрола“.

„Финскализација“ на Украина. Наместо заземе или само правење гест за безбедност, сосема е можно Путин да бара начин да го направи со Украина она што одамна има намера да го стори: да обезбеди дека земјата останува поврзана со Русија, економски и стратешки, и да не стане политички или воено поврзана со Европа.

Наместо да бара начин да ја подели Украина и да го анектира прорускиот дел од нејзината територија, во ова сценарио Путин бара начин да обезбеди лојалноста на Украина да остане неутрална, без страв или без наметнувања, и при непрекинатата поделба на земјата помеѓу исток и запад таа да не се наклони кон Европа. За време на Студената војна, оваа тактика стана позната како „Финскализација“ затоа што Финска, која се соочуваше со слични закани и сценарија од Москва, остана неутрална во глобалниот конфликт. Неодмна некои западни службени лица предложија дека ова е најдобриот можен исход: Збигњев Брежински, поранешниот државен секретар на САД, минатата недела го наведе „финскиот модел како идеален пример за Украина, за ЕУ и за Русија“. Можеби тоа нема да биде задоволителен исход за украинската влада по Јанукович, но можеби ќе биде единствениот одржлив исход кој нема да ја подели Украина и да испорвоцира војна.

]]>

Најчитани вести