Што е коронавирусот, каде се појавил и кои се симптомите

Коронавирусите се голема група и најчесто се шират кај животните, меѓутоа, тие исто така можат да се шират и од животните на луѓето.

Потеклото на вирусот
Коронавирусот потекнува од Кина, каде што за првпат е откриен во декември 2019 година. Во моментот на неговото откривање, бројот на првите жртви бил 200.


Симптоми на вирусот
Овие вируси предизвикуваат слаби до умерени потешкотии во горниот респираторен тракт, така што личат на обична настинка. Ова значи дека почнува да тече носот, се појавуваат болки во грлото, можеби и главоболки и треска која трае неколку дена. Меѓутоа, кај лицата со послаб имунитет, кај повозрасните и малите деца, можно е овој вирус да влијае и на долните респираторни органи. Потоа, може да се развие во посериозна болест, како пневмонија или бронхитис. Некои коронавируси можат да бидат смртоносни за луѓето, каков што е САРС, за прв пат откриен во јужна Кина.

Тој предизвикува респираторни проблеми, проследени со дијареја, откажување на бубрезите и проблеми со дишењето. Околу десет проценти од заразените со САРС, не преживеале.

МЕРС е исто така коронавирус и за првпат е откриен на Блискиот исток во 2012 година. Респираторните проблеми кај заразените со овој вирус се многу сериозни, а дури третина од пациентите завршиле со фатален исход.

Лечење на коронавирусите
Се уште нема специфична терапија за коронавирусите. Во повеќето случаи, симптомите сами исчезнуваат. Пациентот треба да одмара, да спие и да пие многу течности. Сепак, штом симптомите ги надминуваат границите на обичната настинка, веднаш треба да се извести лекар.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести