На страниците од грујовата пропаганда нема да прочитате кој е авторот на текстотовите против Заев и кој е Лорис Гајсер. Тој е Словенец со италијански пасош. Гајсер е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Нема да прочитате дека заедно со Гајсер, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски. Не е многу тешко да се препознае пропагандната оска која се провлекува од Будимпешта, преку Јанша, па сѐ до Ла Верита и овде јужно, и пак назад во Пешта, и не е ич тешко кое време тие се крстат да ни го вратат. Тоа е она на што, едноставно, сакав само да ви обрнам внимание. коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Извор: FRONTLINE]]>


