Што се случи со децата на Тина Тарнер: Од четири сина нeма кoj дa тагува за неа

Пред три дена почина славната пејачка Тина Тарнер, која е и мајка на четири сина, а своето прво дете го родила на само 18 години.

Музичката легенда, која почина на 84-годишна возраст по долго и тешко боледување, го доби својот прв син Рејмонд Крег во август 1958 година со саксафонист. Кога се омажила за Ајк Тарнер во 1962 година, тој го посвоил нејзиниот син и го преименувале во Крег Рејмонд Тарнер.

Тогаш Тина ги посвоила и двата сина на Ајк: Ајк Џуниор и Мајкл, кои музичарот ги имал со Лорен Тејлор.

Во октомври 1960 година, Тина и Ајк го добија својот прв заеднички син, Рони Тарнер.

За нејзините деца, пејачката секогаш велела дека се „добри деца“, наведувајќи дека бракот со Ајк ѝ бил многу тежок.

„Таа навистина одлучи сама да не воспита, бидејќи тоа беше нејзината единствена среќа“, изјавил Крег во документарниот филм за Тина Тарнер.

Иако често била на пат, таа секогаш се грижела за децата. „Мајка ми не се шегуваше“, му рекол тој на Ајк Џуниор во 2017 година, истакнувајќи дека Тина била строга.

„Моравме да ги завршиме сите домашни работи и точно знаевме кога е појадок, ручек или вечера“, изјавил Крег.

Во 1985 година, Тина почнала да излегува со нејзиниот иден сопруг Ервин Бах, а во 1995 година се преселила во Швајцарија за да биде поблиску до него. Потоа изјавила дека поради далечината малку се отуѓила од нејзините синови, освен од Крег.

Во 1989 година, таа престанала да ги поддржува своите синови финансиски, а нејзината одлука ја објаснила со зборовите: „Сè уште сум тука за нив, но нема да дозволам да ме искористуваат“.

А потоа се случиле трагедиите…
Крег се самоубил во 2018 година, а четири години подоцна Рони починал од рак на дебелото црево.

По смртта на Крег, Тина ја расеала неговата пепел на брегот на Калифорнија и изјавила дека тоа е нејзиниот „најтажен момент како мајка“.

„Крег имаше 59 години кога почина, но тој секогаш ќе биде моето бебе“, напишала Тина на Твитер.

Пејачката подоцна изјавила дека Крег бил многу емотивно дете кое тешко се справувало со лошиот брак на неговите родители. „Тој секогаш ме гледаше со некоја тага“.

Кога Тина го напуштила Ајк, Крег бил средношколец. Подоцна се приклучил на морнарицата, а потоа станал агент за недвижнини.

„Сè уште не знам што го натера да го помине работ“, изјавила пејачката, истакнувајќи дека во тоа време Крег започнал сопствен бизнис и ја запознал жената во која се заљубил.

„Сепак, мислам дека Крег беше многу осамен и тоа го влечеше надолу“, раскажала пејачката и дополнила дека пред да замине, ѝ се јавил на телефон и ѝ рекол: „Мамо, само сакав да го слушнам твојот глас и твоето смеење“.

Ајк Џуниор
Ајк Џуниор раскажал како Тина му помогнала да го избере инструментот што му одговара: „Мојот прв инструмент беа тапаните, мајка ми не ми дозволи да свирам на пијано. Така сега свирам на тапани, пијано, гитара…”

Кога имал 13 години, Ајк и Тина го однеле со себе на турнеја. „На крајот го водев нивното студио за снимање“.

Меѓутоа, по разводот со Тина, татко му не му дозволувал да има контакт со Тина, па тие меѓусебно со текот на времето ја изгубиле блискоста.

Ајк Џуниор освои две Греми награди, а откри и дека татко му го тепал со пиштол по главата секој пат кога ѝ се јавувал на Тина.

„Изгледаше како таа да нè запостави, барем нас тројцата: мене, Мајкл и Рони. Не сум разговарал со неа Бог знае од кога – веројатно од 2000 година. Таа живее во Европа со нејзиниот нов сопруг, нема никаква врска со минатото“, изјави еднаш Ајк Џуниор.

Тој сега го живее неговиот живот со голема желба да се докаже во музичкиот свет.

Мајкл Тарнер
Роден е во 1959 година од Ајк Тарнер и Лорејн Тејлор, а Тина го посвоила кога се омажила за Ајк.

Мајкл бил тој кој најмногу настрадал при разводот на Ајк и Тина. Подоцна се борел со зависност од опијати.

„Знаев дека ако им се јавам на Тина или Ајк, веднаш ќе дојдат да ми помогнат, но не можев да го направам тоа. Тина беше навистина добра со мене и јас ја сакав, но не можам така да живеам. Морам да бидам слободен и да правам што сакам“, изјавил Мајкл.

По серијата мозочни удари, како и страшните последици поради употребата на сомнителни супстанци, Мајкл постојано бил на рехабилитација и во различни болници и се уште ја води таа борба.

Роналд Рони Тарнер
Единствениот биолошки син на Тина и Ајк е роден во 1960 година.
Тој одел во приватни училишта и постојано имал пари за облека и за сè што му треба. Но, Рони одлучил да се самоуништи. „Требаше да се повлече линија. Јас го чував”, изјавила Тина за сето тоа што му се случува на нејзиниот најмлад син.

Кога бил помлад, Рони бил исклучително проблематично момче. Поради ова Тина решила да престане да му дава пари.

„Престанав да го поддржувам финансиски. Секогаш знаев каде е и дали навистина му треба нешто, тука бев да помогнам, но така тој конечно застана на нозе”, раскажала Тина.

Откако се извлекол од канџите на дрогата, Рони започнал да свири во бенд, а потоа се оженил и добил две деца. Починал од рак на 62-годишна возраст.

„Рони, прерано го напушти овој свет. Очите ми се затвораат од тага кога помислувам на тебе, мој сакан сину”, напишала Тина тогаш.

Последните денови од нејзиниот живот Тина ги поминала во нејзиниот дом во Швајцарија, каде што и почина.

Водителката Опра Винфри и пејачката Шер се простија од неа и раскажаа што им кажала Тина Тарнер пред нејзината смрт. Таа била подготвена да замине и не сакала повеќе да се бори.

„Знаев дека е болна, ја видов во 2019 година, ја посетив во болница и тогаш ми кажа дека е подготвена да замине. Поточно, ми рече дека е подготвена да го напушти овој свет. Очекував дека тоа ќе биде последен пат да ја видам“, изјави Опра за CBS Mornings.

Тина ѝ кажала слично нешто и на колешката Шер.

„Таа се бореше со болеста долго време и беше многу силна, исто колку што луѓето мислат дека е, но кон крајот ми рече: ‘Навистина сум подготвена. Не сакам повеќе да се борам’“, изјави Шер, која исто така рече дека Тина имала апарат за дијализа во нејзиниот дом.

Прославувајќи ја својата последна светска турнеја во 2009 година, Тина Тарнер го одржа својот последен концерт на 5 мај, во Шефилд, Англија. Потоа, на 69-годишна возраст, нејзината кариера и времето кога беше во центарот на влијанието и низ медиумите дојде до крајот. „Тоа беше одлично шоу, навистина прекрасно“, рече таа години подоцна во ретко интервју за Би-Би-Си.

Следниот ден длабоко вдишила и решила: „Тоа беше тоа. Нема шанси да се вратам назад“. Повеќе од 50 години, таа ја поминувала речиси секоја ноќ во автобус, авион, во автомобил или хотел. „Постоеше само тој живот за мене. И во одреден момент, не сакав повеќе да танцувам и пеам. Сакав да бидам дома и да бидам нормална”.

Најчитани вести