Многу луѓе сметаат дека модерните пагани се некои поклоненици на вештерки и летечки самовили, но се работи за заблуда. Многумина не се запознати со паганизмот во денешно време, а ние ви претставуваме некои основни карактеристики на таа вера. Симболи
Како и многу други религии, паганите користат одредени симболи како претстава на нивната вера и веруваат во нивната моќ. Еден од честите знаци е пентаграмот, но тој нема никаква врска со сатанистичката ѕвезда завртена надоле. Имено, многумина тврдат дека краците на ѕвездата ги претставуваат четирите страни на светот и светиот дух. Верници Според харвардскиот Проект на плурализмот, тешко е да се одреди точниот број на следбеници на паганизмот ширум светот. Според постоечките податоци нивниот број се движи од 200.000 до еден милион, а некои тврдат дека е и поголем. Многу пагани не ги изразуваат религиозните верувања надвор од ритуалните простори. Секти Современиот паганизам е широко распространет, но и поделен. Тој не потекнува од една древна религија, туку од многу различни народни традиции, па не постои единствена доктрина. Можат да се издвојат келтските секти, огранци во северна Европа, балтички и словенски секти, грчки и тие од југот на Европа, американскиот неопаганизам и многу други групи. Некои од нив обожуваат специфични божества како Один, други се занимаваат со друиди, а некои со активизам. Места Воопшто, паганите ја обожуваат земјата и духот, за разлика од специфичните структури кои одредени религии ги сметаат за свети. Шумите, бреговите, па дури и приватни куќи можат да бидат места на ритуали, посебно затоа што паганите сметаат дека некое место можат да го направат свето, со своето делување и присуство. Меѓутоа, некои природни и антички места како Стоунхенџ или Мачу Пикчу имаат посебно значење за некои пагани. Тројна божица Тројната божица во модерниот паганизам е отелотворување на девица, мајка и старица. Овие три аспекти ја следат и полнат моќта на божицата одразена во месечевите мени. Младата Месечина ја претставува девицата, полна Месечина мајката, а последната четвртина старицата. Паганите често се собираат или самостојно медитираат во тек на тие месечеви мени. Освен божицата, некои пагани обожуваат машко божество, повремено во облик на бог со рогови или зелен човек. Кај словенските пагани чија вера се нарекува родноверје, во центар се машки божества од кои најпознати се Сварог, Перун, Јарило, Световид, Триглав и многу други.
Саботи Постојат осум сабори кои го чинат паганското тркало на годината, но сите пагани не го доживуваат така. Секоја сабота одговара на различни настани кои ги одбележуваат годишните времиња. Паганите го слават зимскиот солстициј, пролетната рамнодневница, летниот солстициј и есенската рамнодневница. Останатите саботи во Имболц, Белтане, Лугхнасад и Самхаин. Имболц се слави во почетокот на февруари и претставува дочек на пролетта и поттик на природата да го забрза раѓањето на новиот живот. Белтане е дочек на раното лето и се слави во мај како фестивал на плодноста. Лугхнасад се одбележува во август како прв фестивал на жетвите. Самхаин се совпаѓа со Ноќта на вештерките на Западот, кога се оддава почит на умрените. Паганите сметаат дека тој ден е најтенката граница меѓу овој и задгробниот живот.
Оган Огнот зазема важно место во многу пагански ритуали. Во текот на некои од нив, палат оган во облик на кружница и сметаат дека има моќ на трансформација. Огнот исто така често се користи во обреди за прочистување, обожување, транс и ритуален танц. Магија Магијата во паганизмот и вештерчењето главно е поврзана за промени. Според некои наводи, магијата на тие што ја практикуваат им овозможува да ги отстранат границите на можното и да манипулираат со физичкиот и спиритуалниот свет. Многу групи ја отфрлуваат т.н. црна магија и наместо тоа се занимаваат со бела која привикува здравје и среќа во нивните животи и животите на другите. Привикување на божества Еден од клучните елементи на паганските ритуали е привикувањето на специфични божества. Одбрано божество може да одговара на одредена сабота. Привикувањето подразбира повик на божество да учествува или да помогне во ритуалот, така што ќе се насели во телото на некој од верниците. Лично практикување на верата Околу половина модерни пагани самостојно ја почитуваат верата, што значи дека не припаѓаат на ниту една група. Тие сами изведуваат ритуали и магиски пракси, или понекогаш во помали групи. Дури и тие кои се припадници на поголеми групи повремено самостојно изведуваат ритуали, бидејќи веруваат дека така ги развиваат магиските вештини и ја продлабочуваат спиритуалната поврзаност. Брак Освен легалниот брак или неговите граѓански варијанти, некои пагани практикуваат врзување на рацете, ритуален но не и легален облик на брак. Се верува дека врзувањето на рацете претходи на христијанството, а сигурно постоело и за време на Средниот век. Во текот на церемонијата двојката ги врзува рацете околу зглобовите, што претставува нивно обединување. Сличен ритуал се врши и во православните обреди при венчавање.
Активизам Иако активизмот не е задолжително присутен во паганските заедници, некои групи заедно со општествено корисната работа го сметаат за најважен во нивното делување. Обично се вклучуваат во кампањи за заштита на природата, расна и полова еднаквост, права на ЛГБТ популацијата и чување на нивните свети места.
]]>


