Еден маж во Шведска е осуден на доживотен затвор откако си ја убил сопругата со меч.
Според Телеграф, тој тоа го направил намерно пред очите на децата, кои повикале брза помош за да се обидат да ја спасат нивната мајка.
Според холандските медиуми, семејството по потекло било од Холандија и се преселило во Арвика, Шведска, во 2021 година за да започне нов живот. Тие пишуваат дека неговата сопруга не сакала да продолжи да живее со него и решила да го остави. Но, тој не сакал да си замине.
Поради тоа, неговата сопруга решила да ги спакува неговите работи и да ги изнесе на улица.
На почетокот изгледало дека човекот не обрнувал многу внимание на тоа, но подоцна целосно ја изгубил контролата. Тој зел меч од неговите работи и ја прободел сопругата во стомакот додека таа седела на каучот.
За време на судењето, убиецот тврдел дека само сакал да се пошегува, пишува шведски Афтонбладет.
„Таа ме праша: За што ќе го користиш тој меч?“, изјавил тој во судот идодал „Тогаш направив шеговит гест кон неа и се случи несреќа”.
Судот не поверувал на неговото објаснување. Според судиите се работи за убиство со умисла. Се проверувала и неговата ментална состојба, но резултатите биле дека тој нема ментални нарушувања.
Денеска е соопштено дека е осуден на доживотен затвор.
Судот смета дека тој дејствувал со јасна намера да ја убие сопругата, што наводно се гледа од фактот дека тој не направил ништо за да го спречи обилно крварење на неговата сопруга.


