Сите очи се вперени во фустанот на Ева Лонгорија во Кан: Оваа пролет од фрижидер излегува путер жолтата боја

Кога ќе помислите на практични и интересни бои кои лесно се комбинираат, веруваме дека жолтата не е на вашата листа. Сепак, путер жолтата нијанса ги освои срцата на светските убавици, што го докажаа и на фестивалот во Кан.

Нема сомнеж, путер жолтата е хит боја на пролетната сезона, а добро ја знаат дамите од светот на познатите, кои својата доминација на модната сцена во Кан ја потврдија.

Како овогодинешна претседателка на жирито, француската актерка Жилиет Бинош се истакна во шик комбинезон, додека нејзината колешка Ева Лонгорија се одлучи за едноставен фустан со средна должина.

Нијанса која неколку сезони по ред се провлекува во бројни колекции, оваа сезона конечно го доживеа својот зенит и се истакна како еден од водечките трендови заедно со другите пастелни нијанси како небесно сината или бебешката розова.

Најчитани вести