Скандал- На Новак Ѓоковиќ му се украдени милиони

На Новак Ѓоковиќ му се ускратени повеќе од 4,5 милиони долари заработка во 2023 година! Здружението на професионални тенисери (АТП) ги објави приходите на тенисерите од бонусот за натпреварувањето „2023“ и потврди дека Новак не го добил својот (најголем!) бонус, бидејќи немал доволно настапи на Мастерсот. А ги немаше, бидејќи пролетва му беше забранет влез во САД затоа што не беше вакциниран.

Во тоа време, забраната на тогашната влада сè уште беше на сила, а беше „укината“ пред летото, кога на Новак му беше дозволено повторно да игра преку океанот, што го искористи за да ги освои и Синсинати и УС Опен. Но, со оглед на тоа што не му беше дозволено да игра на Индијан Велс од 6 до 13 март (шампион стана Карлос Алкараз), а потоа и на Мајами од 20 до 27 март (титулата ја подигна Данил Медведев), тамошните власти со нивната одлука, исто така, влијаеа на Новак да остане без огромна заработка.

Новак Ѓоковиќ со заработка од турнирот од 15.952.044 долари ги предводеше тенисерите во историска сезона, во која четворица играчи заработија повеќе од 10 милиони долари. Тука се и Карлос Алкараз (15,1 милиони), Данил Медведев (11,5) и Јаник Синер (10,4 милиони), потоа Андреј Рубљов со 6,5 милиони, Александар Зверев со 5,6 милиони…

А ова е нивната заработка од бонус:

Новак Ѓоковиќ – 0

Карлос Алкараз – 4.443.073

Данил Медведев – 2.308.344

Јаник Синер – 2.106.872

Андреј Рубљов – 1.082.956

Александар Зверев – 718.662

Со едноставен поглед на оваа листа, лесно е да се заклучи дека заработката од бонус на Новак би достигнала најмалку 4,5 милиони долари, но таа била „намалена за 100 отсто поради тоа што пропуштил повеќе од три турнири на Мастерс 1000“. Заедно со Индијан Велс и Мајами, Новак не настапи ниту во Мадрид, на што беше принуден поради повреда. Новак ја прескокна Шпанија по настапите во Монте Карло и Бања Лука, а заедно со тоа што не замина во Америка, тоа беше трет Мастерс што го пропушти и влијаеше да остане без голема, повеќемилионска заработка.

Со оглед на тоа што забраната за невакцинирани играчи повеќе не постои во САД, претстојната сезона ќе му даде можност да игра на американската турнеја во текот на пролетта и да има шанса да заработи бонус.

извор: mondo.rs

Најчитани вести