Скопје доби нов хотел и спа „Парк“ – инвестицијата е вредна 15 милиони евра

Хотелот и спа „Парк“ е најновата инвестиција на домашната компанија „Гемак трејд“, вредна 15 милиони евра. Хотелот „Парк“ вратите ги отвора денеска. Тој е единствен луксузен хотел во земјава и е најновата инвестиција на домашната компанија „Гемак трејд“, која годинава одбележува 25 години од своето основање и успешно работење во Македонија и регионот.
hotel_park1
Вкупната инвестиција во изградба на хотелот и хотелскиот комплекс изнесува околу 15 милиони евра. Новиот хотел располага со 80 луксузно уредени соби. Хотел „Парк“ располага и со најмодерен спа центар и фитнес сала. За гостите на хотелот ќе се грижи искусна екипа предводена од директорот на хотелот Џордано Бори, кој има огромно хотелиерско искуство во супер луксузни хотели во светот.
hotel_park4
hotel_park2 hotel_park3 hotel_park5

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести