Скопски пазар користи земјиште заплеткано во спор за денационализација

Јовановски деновиве се подготвува по четврти пат да го оспори решението на Комисијата за денационализација пред Управниот суд. Во претходните три наврати, Судот ги уважувал неговите жалби и ги поништувал решенијата на Комисијата, враќајќи го предметот на повторно одлучување, со укажување дека таа мора да ги разгледа аргументите на Јовановски. „И покрај тоа што Судот веќе трипати ги уважува моите жалби и постојано ѝ укажува на Комисијата за денационализација дека треба повторно да ги разгледа аргументите, та ги игнорира укажувањата на Судот и постојано носи исти решенија со кои го одбива барањето, вели Јовановски. Тој додава дека е решен да добие соодветна компензација за земјиштето кое го владеде Скопски пазар и е подготвен случајот да го обжали пред Врховниот суд. Ако и таму не ја најде правдата, размислува да ја тужи државата пред Судот за човекови права во Стразбур. Скопски пазар во јануари годинава го затвори некогашниот СП-маркет во Тафталиџе, кој сè уште не работи. Според пишувањата во медиумите, компанијата ги издала своите маркети во Скопје на двајца довчерашни конкуренти, компаниите Зур и Кит-го. Медиумите известија и дека Скопски пазар, некогаш лидер на пазарот, сега прибегнува кон издавање и продажба на атрактивните недвижнини поради милионските долгови што ги има кон добавувачите и банките.]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести