Винарската визба „Сковин“предвреме ги исплати сите обврски кон своите добавувачи на грозје, индивидуалните лозари и кооперанти.
Оваа година “Сковин“ ја заокружи бербата со 40% грозје добиено од сопствените лозови насади и 60% откупено од кооперанти.
Од визбата велат дека годинаба квалитетот на грозјето е добар а со тоа се очекува и уште подобар квалитет на виното кое треба да се продаде на странските пазари.
Германија,Чешка, Хрватска, Русија, Јапонија, Србија, Словенија, Црна Гора се стандардните земји во кои се извезува виното на „Сковин“ но од винаридјата велат дека прават напори и за соработки со нови потецијални пазари.


