Случајност или намера: А се спомнат избори, веднаш се паѓа Седумка на Лото

Шестиот добитник на седмица на лото го добивме во неделава што му претходи (можеби) на распуштањето на парламентот и (можеби) нови трети по ред предвремени парламентарни избори и редовни претседателскитизбори што ќе се одржат наредниот месец.

На социјалните мрежи веднаш почна да се коментира дека речиси секогаш, покрај препукувањата, кампањите, субвенциите… на речиси сите избори во Македонија им претходат и 7-ките на Лото.

Првата 7ка од почеток на приредувањето на новата игра на среќа 7/34, кое започна да се реализира од 23.04.2010, падна на 10. мај 2011,  во 37-мото коло и вредеше 344 000 евра.

Практично, првата седумка падна за 13 месеци од приредувањето на оваа игра на среќа и неполн месец пред Предвремените парламентарни избори во Република Македонија кои се одржаа на 5 јуни 2011 година.Т ие беа вторите предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и втори предвремени парламентарни избори во низа.

Втората и третата седумка се случија истата година, во 77. коло кое се одржа во септември 2011 и беше вредна 100.000 евра и третата во 86.коло, во месец октомври и вредеше 130.000 евра.

Овој период беше познат по почетокот на проектот „Скопје 2014“, низа турбуленции, апсења, судски процеси и затворање на најгледаната телевизија во Македонија и првата приватна телевизија „А1“.

Четвртиот добитник на седумка беше објавен на 30 јуни 2012. Неговата добивка  беше вредна 275.000 евра, период по убиството на момчињата кај Смилковско езеро, но и масовните протести на Албанците за апсењата во овој процес,  што го преплавија Скопје и Основниот суд. По ова следеше криза во владината коалција, односно криза во односите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Тогаш премиерот Никола Груевски неколку пати повтори дека неговата партија е подготвена за предвремени парламентарни избори доколку ДУИ се реши да ја напушти владината коалиција.

-Ние не ги посакуваме, но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за таква опција доколку ДУИ повлече таков потег, рече тогаш Груевски

На 16 март 2013,  го добивме петиот по ред добитник на премијата 7ка  вредна  282.656 евра, а само една недела подоцна се одржа првиот круг од локалните избори во Македонија, или поточно на 24 март, 2013 година.

Првиот ден од март оваа 2014 година го имаме шестиот Македонец, добитник на досега рекордна премија 7ка, вредна  367.000 евра, а во Македонија нѐ очекуваат претседателски и „рекордни“ трети предвремени парламентарни избори.

Според некои што коментирале на Фејсбук, ако има предвремени парламентарни избори, логично е многу брзо да се падне уште една 7 ка, но… не толку богата, и…

Освен две припаднички на понежниот пол, чии имиња беа објавени како добитнички на Седумка, имињата на другите добитници на Лото никогаш не се појавија во јавност, ниту пак некој ги дозна кои се.

]]>

Најчитани вести