Со оваа смеса обновете ги жолтите листови за помалку од еден месец

Многу растенија, и покрај редовното наводнување и нега што им го давате, понекогаш едноставно овенуваат и почнуваат да се сушат.

Ако сте забележале дека листовите на вашите цветови почнале да пожолтуваат, не очајувајте. Постои одличен трик кој ќе го опорави вашето растение за помалку од еден месец.

На еден профил на Инстаграм кој се занимава со растенија, наидовме на овој одличен рецепт:

Потребно:

– 200 мл вода

– две лажички оцет

– две лажички шеќер

Како што е наведено во видеото, оцетот може да ги уништи бактериите и да спречи згрутчување на почвата, додека шеќерот содржи многу микроелементи и може да спречи појава на жолти листови.

Подготовката е многу едноставна:

Измешајте ги сите состојки и истурете ги во прскалката, а потоа нанесете ги на корените и листовите на растението. Користете ја оваа мешавина секој втор ден и за 20 дена, вашите растенија повторно ќе растат и ќе цветаат.

Како изгледа во пракса, погледнете го видеото на почетокот на текстот.

Најчитани вести