Со секој хороскопски знак одат и одредени бои, проверете кои бои ви ги одредиле ѕвездите

Следбениците и приврзаниците на хороскопот веруваат дека нивниот хороскопски знак влијае на многу работи, вклучувајќи ги и боите на облеката што ја носат. Еве кои се препорачаните бои кои најдобро одговараат на хороскопските знаци.

Овен

Овните треба да носат црвено. Нивниот владетел е Марс, па затоа им одговараат енергичните бои. Нежните нијанси едноставно не се за нив. Она што другите не можат да го комбинираат, бои кои воопшто не одат заедно, ним ќе им изгледа убаво, пишува Мондо.

Бик

Розовата е боја која им се препорачува на Биковите, како и сите нијанси на зелена боја. Биковите сакаат цветни дезени и бои на пролетта. Сè, се додека не се во „мртви“ нијанси. Црвената боја не им се препорачува.

Близнаци

Жолта, портокалова, сива, како и нежно небесно сина се боите за Близнаците. Близнаците сакаат да комбинираат црно-бело. За нив се препорачува и жолта со детали, како и портокалова.

Рак

Препораката за Раковите е да се опкружени со сребрена и бела боја. Тоа ги смирува. Колку повеќе носите бело, сребрено, можеби сино, се додека се светли нијанси. Просторот во кој престојувате треба да биде релаксирачки и да потсетува на море.

Лав

Црвената и златната се боите со кои Лавот треба да се опкружува и да ги носи. Бојата на Сонцето, владетелот на знакот Лав, прави овој знак да свети. Светлите нијанси и впечатливиот накит се добри за Лавот. Окер е боја која им прилега и на нив.

Девица

За овој знак се препорачуваат кафеава, окер, сива, но и зелена, бојата на тревата. Земјиниот знак Девица сака едноставни комбинации, не премногу впечатливи бои. Мебел во боја на дрво или изработен од дрво е тој што обично го избираат. Деталите им се важни.

Вага

Розова, бела, нежно сина, сива, кремаста, пастелни бои, светло зелена. Вагите се облекуваат многу хармонично, сакаат нежни бои кои лесно се комбинираат. Незабележливо, убаво и елегантно. Мебелот во нивната куќа исто така треба да биде во неутрални бои.

Скорпија

За Скорпијата тие се бордо и црна. Лесно комбинираат со други бои, покрај гардеробата, Скорпиите треба да имаат и мебел во овие бои.

Стрелец

За нив се препорачува морнарско сина и виолетова, како и темно сина. Јупитер владее со овој знак, па виолетова или темно сина се поврзува со оваа планета. Иако, Стрелецот е еден од ретките знаци кои ќе се одлучи за шарени бои, бидејќи мисли дека сите му одговараат.

Јарец

Сивата боја, бојата на каменот, како и црната се бои за Јарецот, но и кафеавата боја им одговара. Практични и деловни, припадниците на овој знак се мирни, па не експериментираат многу ниту со боите.

Водолија

За овој знак се препорачуваат тиркизна, сива и сина боја. Им одговараат и морнарско сина и тегет.

Риба

Сина, зелена, светло сина, темно сина, виолетова се за Риби. Сите нијанси на морето се добри за овој знак. Исто така, барем во спалната соба треба да имаат некоја сина нијанса. Треба да ги избегнуваат боите на земјата, како и боите на оган, пишува Мондо.

Извор: slobodnadalmacija.hr

Најчитани вести