Вие кои се прашувавте зошто треба да излезете на улица, вие кои не тапкавте нас кои бевме на улиците дека така треба браво ама не можете да се приклучите оти ќе ве избркаат од работа, ќе ви скратат од плата, ќе ве запишат на списоче, тефтерче или што и да е и вие кои го поддржувате овој монструозен режим аплаудирајќи слепо по партиска наредба на секоја небулоза денес добивте одговор на сите прашања и дилеми.
Штитите убијци или во најмала рака луѓе кои за да се одржат на власт се подготвени да сокријат убиство на дете притоа во ниту еден разговор не се ни обидуваат да разберат што се случило и зошто, туку кој од нивните треба да се заштити и како ТИЕ да изгледаат триумфалистички.
Цитатот “Прашање на време беше кога ќе направи вакво нешто” нека ви ѕвони во ушите укажувајќи ви уште колку вакви има во МВР и кај Премиерот.
Тогаш беше Мартин денес може да биде секој од нас.
Со секоја минута молк станувате соучесници на убиства, на местенки, на прљав низок и дрзок начин за останување на власт.
Прашањето е можете ли вие да живеете со тоа?
Тие докажаа дека можат, како нив ли сте?
Фејсбук статус на Ивана Туфегџиќ


